Зоран Николов
Објавено: четврток, 06 октомври 2005
Ви приложувам теорема со милион статистички докази од праксата дека горната прашална реченица не држи место, а спротивниот случај, според моите познавања е просто неверојатен. Јас сум бил во многу вакви деликатни ситуации за да го бистрам дали може или не. Исто така, сум среќавал многу фаци што ме убедувале за високото ниво на пријателските анти-против-несексуални де-односи што ги искусиле со одредени индивидуи од спротивниот пол. Дискусијата ќе си ја создадам јас самиот, јас ќе си ја разработам и на крај ќе си дадам заклучок, а сите незадоволни кликнете ми го долу (во коментарот де, одма безобразно да се мислело). [br] [br] Ајде дефинирајте ја прво разликата помеѓу поимите другар и пријател? За разлика од другарот, пријателот ти е „другар“ само кога му требаш или кога сплетот на околности така налага, се додека не се иселиш од студентскиот дом. Другарот не те заебава пред сите оти не си ја опнал колешката. Пријателите седат со тебе во кафана и те тапкаат по рамо се додека имаш да платиш. Пријатели можат да бидат и оние луѓе кои викаат многу примерно и љубезно фала и не се сеќаваат кога било тоа кога треба да ти возвратат. Колегите на факултет се пријатели, кои те бараат само ако им треба некоја скрипта или испитни решени и скоро никогаш не се јавуваат само онака да те слушнат. Постојат исклучоци, да не ми се налути некој. И покрај тоа што се живо дружи од корист, другарот во права смисла (без багови) е оној што ќе ти излезе во пресрет и кога ќе ти биде тешко. Но, да не си отежнуваме со муабетов, да се вратиме на дилемата. Што би било ако Адам и Ева се здружеле толку многу, што во ситуација да се испијаниле и Адам да пробал да ја залапа Ева, оваа да му рече „Не можам, многу си ми драг, ќе го расипеме другарството“! „Шарап бич енд старт сакинг ит!“ Абе види вака, другари до негде бива, ама тоа би било другарство – Trial Version. Алал да им е на тие што наоѓаат време за многу дружење, а не остануваат само на тоа... Еве претпоставка дека двајцата сте убави и згодни. Пред да се запознаете има еден мал период на бура, дефинирање на ставовите и разрешување на сомнежите дали таа или тој има интерес за нешто за во другата соба по темница. Е, откако се констатира поклопување на незаинтересираност (локална или глобална), се оди на детален бесконечен муабет за односите машко-женско, се разбира ако тргне муабетот натаму. И ете, некој период се случува да бидат на некој начин заедно, а сето тоа се руши кога еден од нив си најде партнер. Крај на приказната. Ќе се видиме во некоја друга ситуација. Или живот. И стално женските се тие кои упорно тврдат дека другарството меѓу машки и женски е честа практика (обично мислат на некого кого го корпосале, а корпосаниот за да не му се сруши егото предложил да останат другари). Машките (оние по стереотип) се секогаш оние кои би, ако им се пружа прилика. Мора да е до хормоните? Знам едно дете, нема другари и нон-стоп е како атачмент на Bitches inc. Детево е паметно, интелигентно, ама за муабет е Silent Bob. Никогаш не се драпа по мадиња, секогаш е дотеран, никогаш не вика п*чиња-мичиња, туку е софистициран и вели девојки, секогаш е спремен за значаен чувствителен муабет од доверителна природа (ама не со машко) и верува во духовно совршенство. Bitch-овиве за него викаат „леле колку е фин, многу добро другарче е, знае што сакаат жените“, а само кога ќе фатат некој Дик, го одминуваат на улица и ни здраво не му викаат (оти Дики ќе се мршти). Значи, нашиот Џони сума-сумарум си останува на крај со „стапчето“ в раце и може спокојно да го задева во секое време без да му ја мисли дали ќе има работа за него вечерта. Наведете еден пример каде имало дружење меѓу два различни пола повеќе од, на пример, 5 години? Теоретски малку можно, за практички не знам случај. Можно е да бидеш привиден другар со девојката на другар ти, со рестрикции за јавување и среќавање без негово знаење, и BTW мисли му ја три пати пред да ја треснеш некоја зелена пред неа. [br] [br] По default, мажите и жените се создадени за да има привлечност меѓу нив за да би настанало некоја хемија, спарување и размножување. Варијанти: спарување и размножување со хемија – брак, спарување и размножување без хемија – грешка по журка, спарување без размножување – је*ачина, размножување без спарување – дете из епрувете (виш феминизам). [br] [br] Другарство е кога ерогените зони и хормоните кон личноста ти се на OFF и имаш некои проблеми за кои ти треба таа личност да ги решиш. Кога ќе го сфатите тоа, ќе знаете на што мислам. Have a nice to meet you.
Tweet |